БИТОЛСКИОТ ТИМ ЈА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА СО КАПИТЕНОТ

Трајковски уште една година во Еурофарм Работник

По Ојлески и Ивановски, како и новиот договор за Крстевски, битолскиот тим денеска го продолжи договорот со Игор Трајковски на уште една сезона.

објавено: 22 јуни 2017 - 13:56

По Ојлески и Ивановски, како и новиот договор за Крстевски, битолскиот тим денеска го продолжи договорот со Игор Трајковски на уште една сезона.

„Капитенот на Еурофарм Работник ќе ја предводи екипата и во новата сезона во Суперлигата и во Челинџ Купот. Трајковски е еден од ракометарите кои играа и во Првата лига и го промовираа клубот ви суперлигаш. По заминувањето на Ашраф Адли во Франција, во овој момент Трајковски е единствен кружен напаѓач во клубот, но управата предвиде уште едно засилување на таа позиција. Со овој потег продолжува зацврстувањето на структурата на екипата на Андон Бошковски која играше во финалето на Купот во сезоната која заврши на крајот од минатиот месец“, соопшти Еурофарм Работник на својата официјална страница. 

Најново во Ракомет