ОСТАНАТИТЕ ОБВРСКИ НА СТЕНД-БАЈ

Вардар го исчисти распоредот, до 30-ти април само Кил во фокусот

Македонскиот и европски шампион во наредните десет дена ќе биде насочен само кон четвртфиналните мечеви во Лигата на шампионите.

објавено: 20 април 2018 - 11:30

Иако за Вардар мечевите од домашната сцена се најлесниот дел од сезоната, сепак македонскиот и европски првак во договор со РФМ одлучи да го исчисти распоредот. „Црвено-црните“ се домаќини на една од петте групи од четвртфиналето во Купот на Македонија, но токму поради настапот во Лигата на шампионите, односно важните две средби со Кил за пласман на завршницата во Келн, ги одложија сите обврски.

Раул Гонзалез и неговите избраници утре заминуваат во Германија, каде во недела го играат првиот четвртфинален натпревар во елитното натпреварување. „Зебрите“ се последна пречка на Вардар до обезбедување место меѓу четирите најдобри екипи во Европа.

Викендов ќе се одиграат турнирите во групите 2, 3 и 4, додека турнирот од групата 1 е одложен и термините ќе бидат објавени дополнително, поради настапите на РК Вардар во Лигата на шампионите.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ – делегирање

Група 1, СЦ Јане Сандански – Скопје
Полуфинале:
РК Металург 2 – РК Вардар
ГРК Борец – РК Металург Јуниор

Група 2, Сала Младост – Битола
Полуфинале:
20.04.2018 (11:00) РК Прилеп 2010 – РК Еурофарм Работник
20.04.2018 (13:00) РК Струга – РК Радовиш
Финале:
20.04.2018 (18:00)

Група 3, Сала Радишани – Скопје
Полуфинале:
21.04.2018 (15:00) РК Делчево Вардар – РК Пелистер
21.04.2018 (18:30) РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013
Финале:
22.04.2018 (16:00)

Група 4, Сала Автокоманда – Скопје
Полуфинале:
20.04.2018 (17:00) РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино
20.04.2018 (19:15) РК Металург – РК Вардар Јуниор
Финале:
21.04.2018 (17:00)

 

 

Најново во Ракомет