ЛЕВОТО КРИЛО СЕ СЕЛИ ВО БИТОЛА

Вардар му го позајми Ончев на Пелистер

Лево крило на Вардар Тоше Ончев до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе биде позајмен во екипата на Пелистер од Битола.

објавено: 10 октомври 2017 - 10:59

Лево крило на Вардар Тоше Ончев до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе биде позајмен во екипата на Пелистер од Битола.

„Тој е играч на Вардар, а двете екипи се договорија за овој трансфер, и Ончев би требало да добие и поголема минутажа во тимот од Битола. Ончев пред почетокот на сезоната беше прекомандиван од екипата на Вардар јуниор во првиот тим, и ги мина подготовките. На позицијата лево крило покрај Ончев, пријавени за настап во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите се уште и Тимур Дибиров и Владо Недановски, а за мечевите во СЕХА лигат пријавен е и Стефан Чакалиќ“, се вели во соопштението на РК Вардар.

Ончев сезонава тој играше на два натпревари во СЕХА лигата и постигна три гола.

Најново во Ракомет