ПОЗНАТИ ПОЛУФИНАЛНИТЕ ДВОЈКИ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Вардар пред Келн во трка по нов пехар

Бранителот на титулата во Купот на Македонија, Вардар во полуфиналето ќе ги одмери силите против Пелистер, додека во втората двојка ќе се сретнат Еурофарм Работник - Металург.

објавено: 9 мај 2018 - 11:20

Бранителот на титулата во Купот на Македонија, Вардар за противник во полуфиналето го доби Пелистер, додека Металург ќе игра против Еурофарм Работник. Финалниот турнир ќе се игра на 18 и 19 мај, а домаќин ќе биде Битола.

За избраниците на Раул Гонзалез ова ќе биде последна проверка на силите пред стартот на главната битка во Келн, каде се бранители на титулата во Лигата на шампионите. 

Во женска конкуренција ќе се сретнат: Металург - Вардар Јуниор и Пелистер - Вардар, мечевите ќе се играат на 19 и 20 мај. 

Најново во Ракомет