ОДРАБОТЕН Е ПРВИОТ ТРЕНИНГ ПРЕД САБОТНИОТ ДУЕЛ

Вардар сепак без Калифа Гедбан против Монпелје (ФОТО)

Македонскиот првак, Вардар пристигна во Монпелје, каде во сабота (17:30 часот) ќе го одигра првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. 

објавено: 13 септември 2018 - 22:08

По краткиот одмор, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници го одработија првиот тренинг во салата „Рене Буњол", за која засега нема информации дали ќе биде исполнета, но по освојувањето на титулата веруваме дека францускиот тим ќе има максимална поддршка од трибините.

Нашите информации велат дека новиот голман, Калифа Гедбан не е со Вардар во Монпелје. Младинскиот репрезентативец на Алжир на тимот најверојатно ќе му се приклучи од понеделник.

Натпреварот меѓу европскиот шампион и „црвено-црните“ се игра во сабота со почеток во 17:30 часот.

Најново во Ракомет