ПОЧНУВА МИСИЈАТА - ЛШ

Вардарци ги спакуваа куферите, тргнаа кон Монпелје

Македонскиот првак, Вардар утринава од скопскиот аердром преку Истанбул ќе стигне до крајната дестинација Монпелје, каде во сабота го игра премиерниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. 

објавено: 13 септември 2018 - 08:00

Почнува мисијата - Лига на шампионите. Вардар утринава од скопскиот аердром преку Истанбул ќе стигне до крајната дестинација Монпелје, каде во сабота го игра премиерниот меч од новата сезона во елитното клупско натпреварување. 

Вардарци ги чека подолг пат, но ќе имаат доволно време за адаптација и одмор. Во францускиот град треба да стигнат околу 17:30 часот, по кратко одмор ќе го одржат првиот тренинг. Утрешниот ден ќе биде резервиран за анализа на противникот, но и последни подготовки пред мечот, кој е закажан со почеток во 17:30 часот.

Роберто Гарсија Парондо на располагање ќе ги има сите ракометари, освен тројката Стојанче Стоилов, Сергеј Горбок и Даниел Ѓорѓески.

Македонскиот тим од европскиот првак има само еден пораз во пет одиграни натпревари во ЛШ, на фајнл-форот во Келн. Монпелје славеше со 28:27 и стигна до финалето и до титулата. „Црвено-црните“ имаат доволно мотив да му се одмаздат на францускиот состав и воедно да ги демантираат сите оние кои ги ставија во сенка, односно веќе на големо се убедени дека оваа сезона нема да биде како претходните две.

Најново во Ракомет