УШТЕ ЕДНА ДОМИНАНТНА СЕЗОНА ЗА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Вардарки без пораз го подигнаа шампионскиот пехар, останува уште Купот

„Црвено-црните“ ракометарки одиграа уште една доминатна сезона во домашниот шампионат, освојувајќи нов трофеј, а сега престојниот викенд ќе атакуваат и на трофејот во Купот

објавено: 17 мај 2018 - 15:00

Ракометарките на Вардар го добија и вториот пехар сезонава. Во последното 28. коло од шампионатот, Вардарки беа поуспешни од Металург со 49:24, и уште еднаш ја потврдија доминацијата во домашното првенство. 

Вардар играше само девет ракометарки, од кои седум домашни и само две од странство, „црвено-црните“ беа поуспешен ривал. Керамичиева беше најефикасна со 12 голови. 

За Вардарки остануваат уште мечевите во Купот. Во сабота во СЦ „Јане Сандански“ ќе играат полуфинале со Пелистер, а потоа ако поминат натаму и финале, со што ќе се закитат со двојна круна. Пред неколку дена Вардаровиот тим го загуби финалето во Лигата на шампионките од Ѓер. 

 

 

Најново во Ракомет