Без преголеми потешкотии

Вардарки со петта шампионска титула во Македонија

Најсилниот тим на „црвено-црните" немаа милост кон вториот колектив и во финалето ги победија со убедливи 54:24 и со тоа дојде до петтата едноподруго титула во домашното првенство

објавено: 22 мај 2017 - 16:16

ЖРК Вардар дојде до петтата едноподруго титула во Македонија. Убедливо најдобриот тим од нашата држава, немаше проблеми против „сестринскиот" колектив Вардар СЦЈС и го победи со (пре)убедливи 54:24.

Како што и се очекуваше, вардарки немаа проблеми до одбраната и на оваа титула, а тоа веќе беше јасно по првото полувреме каде што имаа водство од 24:11. Сепак, шампионот не застана тука, напротив. Во продолжението постигна уште 30 погодоци во мрежата на опонентот.

Сара Ристовска со 10 погодоци беше најефикасна на мечот, а по нејзе следуваа Лакрабер со осум и Херем со седум голови.

Вардарки во период од само неколку дена ја одбранија двојната круна. Како што е познато, во саботата беа убедливи и во купот на Македонија.

Најново во Ракомет