ПОЗНАТ ДОМАЌИНОТ НА ЗАВРШНИЦАТА ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Во Битола ќе се игра Ф4 турнирот во ракометниот куп

*На 18 – 19 мај, Пелистер и Еурофарм Работник ќе им бидат домаќини на Вардар и Металург

објавено: 5 мај 2018 - 10:15

Битола и салата „Младост" на 18 – 19 мај ќе бидат домаќини на Ф4 турнирот во ракометниот Куп на Македонија. Тоа значи дека битолските клубови Пелистер и Еурофарм Работник ќе ги нагостат скопските екипи Вардар и Металург. Без разлика кој со кого ќе игра во ½ финалето, се знае дека европскиот шампион Вардар е апсолутен фаворит за одбрана на пехарот од минатата сезона. Секаков друг исход ќе биде рамно на супер сензација.

Најново во Ракомет