Велешани завршија работа на едно коло пред крајот

ВО ВЕЛЕС ПАДНАА 80 ГОЛОВИ: Борец е последниот патник во плеј-офот

Екипата на Борец е последниот патник во Лигата што ќе се бори за титула и за Европа, откако на домашен терен го совлада Прилеп со 41-39. 

објавено: 19 март 2017 - 18:18

Екипата на Борец е последниот патник во Лигата што ќе се бори за титула и за Европа, откако на домашен терен го совлада Прилеп со 41-39 на едно коло пред крајот од регуларниот дел во ВИП Суперлигата. Борец и Прилеп одиграа доста интересен меч, кој по бројот на постигнати поени можеби е рекорден во ова натпреварување, паднаа дури 80 погодока.

Во плеј-офот, претходно место обезбедија, Охрид, Пелистер, Еурофарм, како и Вардар и Металург.

ВИП СУПЕР ЛИГА
МЕТАЛУРГ 2 – ПЕЛИСТЕР 24:35 (14:13)
ОХРИД – ПРОЛЕТ 34:22 (21:10)
БОРЕЦ – ПРИЛЕП 41:39 (23:21)
РАБОТНИЧКИ – РАДОВИШ 21:32 (15:15)

Понеделник:
ВАРДАР Ј – Е. РАБОТНИК 17:30

Најново во Ракомет