БИТОЛА ПОВТОРНО ГИ ПРЕЧЕКУВА НАЈДОБРИТЕ ЕКИПИ ВО КУПОТ

ВТОРА ГОДИНА ВО НИЗА: „Младост“ домаќин на Купот на Македонија

Битолската публика на 19 и 20 мај ќе има можност да ужива во финалните натпревари од Купот во машка и женска конкуренција

објавено: 8 мај 2018 - 18:27

Битола и салата „Младост" втора година во низа ќе бидат домаќини на финалниот турнир во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција. Откако ланското издание беше вистински ракометен спектакл, битолската публика на 19 и 20 мај ќе може да ужива одново во финалните натпревари од Купот.

Сезонава кај мажите се натпреваруваат бранителот на титулата Вардар, како и Металург, но и двајцата битолски суперлигаши Пелистер и Еурофарм Работник.

Во женска конкуренција, пак, ЖРК Вардар, Вардар Јуниор, Пелистер и Металург се полуфиналистите.
Ждрепката за изгледот на полуфиналето и во машка и во женска конкуренција ќе се одржи утре во просториите на РФМ.

Најново во Ракомет