ОДЛУКАТА ПАЃА ОВАА НЕДЕЛА

За седум дена Младост да знае на што е!?

Иднината на Богданчани е неизвесна, а од Ракометната Федерација на Македонија конечниот одговор од Младост го чекаат до крајот на следната недела.

објавено: 19 август 2017 - 20:40

Иако помина доста време, сепак, се уште нема конeчно решение околу проблемот со кој се соочува овој клуб. Поради високите финансиски побарувања кои се потребни за учество во ракометната Суперлига, раководството на клубот од Богданци се обидува преку спонзори и спортски пријатели да дојде до минималната граница за започнување на ново поглавје во најсилната македонска лига.

„Состојбата во моментов не е на завидно ниво. Имавме разговори со главниот спонзор и градоначалникот, и сега ја очекуваме конечната разврска во текот на наредната недела. Има оптимистички сигнали, се надеваме дека сè ќе биде дефинирано до среда“.- вели претседателот на клубот Митко Шутаров.

Иднината на Богданчани е неизвесна, а од Ракометната Федерација на Македонија конечниот одговор од Младост го чекаат до крајот на следната недела.

Изминатава седмица веќе имале состанок со играчите, на кој се разговарало за проблемите во клубот и начините на кои би можело да се дојде до решение.

„Имавме состанок со играчите, разговаравме за тековните проблеми. Спортската сала во Богданци е подготвена за натпреварување. Останува само да се комплетира финансиската рамка која ја бара настапот во македонската Суперлига. Ние како управа се обидуваме да најдеме соодветно решение, два и пол месеци интензивно работиме на пронаоѓање на нови спонзори. Потребна е голема сума пари за настап во најсилната македонска лига, за жал Богданци е мало место и нема голем интерес од правните субјекти. Навистина ќе биде штета ако не играме во Суперлигата, има расположение кај повеќе потенцијални спонзори, кај управата и играчите, но се уште нема конкретни мерки и решенија“- дополнува Шутаров.

 

Најново во Ракомет