Тимот од Автокоманда немаше проблеми

ЖРК Металург прв „слета“ во куп финалето

Металург лесно го совлада прилеп и во финалето ќе се соочи со ЖРК Вардар, кој подоцна најпрвин ќе треба да ја одработи задачата против Гевгелија

објавено: 19 мај 2017 - 14:58

ЖРК Металург е првиот финалист во купот на Македонија. Тимот од Автокоманда во својата сала убедливо го совлада Прилеп со 43:15.

Како што и се очекуваше, „металурките" немаа проблеми против далеку послабиот противник, а за тоа говори и самиот резултат. Второто полуфинале се игра со почеток од 16:30 часот каде што ЖРК Вардар важи за апсолутен фаворит против Гевгелија.

Финалниот меч се игра утре напладне со почеток во 12:30 часот.

Најново во Ракомет