Ф4 ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДАМИТЕ ВО СКОПЈЕ

ЖРК Вардар го брани трофејот на свој терен

Полуфиналињата ќе се играат на 19 мај - Металург и Вардар Јуниор од 15 часот, додека Пелистер и ЖРК Вардар од 17 часот. Финалето е ден подоцна во 13 часот.

објавено: 10 мај 2018 - 20:10

Ракометарките на ЖРК Вардар на свој терен во СЦ „Јане Сандански“ ќе го бранат пехарот во Купот на Македонија, а Ф4 турнирот е закажан за 19 и 20 мај.

В средата со ждрепка беше дефиниран изгледот на полуфиналињата, а Вардар како организатор на турнирот ги одреди термините на одигрување на натпреварите.

Првото полуфинале меѓу Металург и Вардар Јуниор се игра на 19 мај (сабота) од 15 часот, додека два часа подоцна се соочуваат Пелистер и Вардар.

Финалето ќе се игра ден подоцна, во 13 часот.

Најново во Ракомет