НАШИТЕ РАКОМЕТАРИ СЕ ГЛАВНИ ВО АВСТРИЈА

Ѕвездена вечер за „Диви“ и Митков

Македонците беа дел од ол-стар мечот кој синоќа се одигра во Брук

објавено: 22 април 2018 - 12:30

Докажаните Петар Ангелов и Влатко Митков синоќа беа дел од ракометниот спектакл во Австрија, популарниот ол-стар меч. Се играше дуел меѓу домашните играчи и интернационалците кои играат во ова првенство. Вистинско шоу се случуваше на теренот, а на крајот навивачите беа задоволни од прикажаното, бидејќи беа постигнати дури 90 голови, а средбата заврши нерешено (45:45).

Популарниот голман „Диви“ пред само два месеци заигра во австриското првенство, но веќе е еден од омилените кај навивачите. Тоа се покажа и со најмногуте освоени гласови меѓу номинираните.

Митков е константно добар, па нормално беше што и тој се најде на овој ол-стар меч. 

 

Најново во Ракомет