НЕ СЕ ОСТАВА НИШТО НА СЛУЧАЈНОСТ

Арена Загреб се затвора, ќе се „чешла“ секој агол

Домаќинот на Европското првенство и ЕХФ не оставаат ништо на случајност. Специјални единици за антитероризам ќе прават проверка на Арената Загреб, безбедноста ќе биде на високо ниво.   

објавено: 13 јануари 2018 - 11:15

Од Загреб, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

Арената Загреб во следниот период ќе биде привремено затворена. Пред стартот на натпреварите од нашата Група Ц, домаќинот на Европското првенство, но и ЕХФ, не оставаат ништо на случајност. Како што налага протоколот за секое големо натпреварување, специјални единици за антитероризам ќе го проверуваат секоја агол на салата. Безбедноста ќе биде на високо ниво, за време на дуелите ќе бидат присутни голем број на претставници од хрватската полиција, како и лица задолжени за редот и мирот во Арената.

Одлуката на домаќинот привремено да се затвори салата им созаде проблеми на германските новинари од РТЛ, кои пред стартот на мечот со Црна Гора, како и останатите два со Словенија и Македонија ќе имаат отворено студио во самата сала. 

 

Најново во Ракомет