ЕХФ ЈА ОДБРА НАЈДОБРАТА СЕДМОРКА

Без Македонци во Ол-стар тимот на ЕП

Европската ракометна федерација го објави најдобриот тим на ова континентално натпреварување, како и најкорисниот играч.  

објавено: 28 јануари 2018 - 18:30

Европската ракометна федерација го објави најдобриот тим на ова континентално натпреварување, како и најкорискиот играч. Во Ол-стар тимот нема македонски репрезентативци и покрај тоа што Стојанче Стоилов и Филип Талески беа номинирани.

Над 10.000 фанови учествуваа во гласањето (со 40 отсто), додека останатите 60 проценти од гласовите беа на експертите.

За најкорисен ракометар на Европското првенство беше прогласен Џим Готфридсон од селекцијата на Шведска, која во финалето ќе игра против Шпанија.

Што се однесува до Ол-стар тимот во него се најде некогашниот играч на Вардар, Алекс Душебаев.

ОЛ-СТАР ТИМ

Голман: Винсент Жерар (Франција)

Лево крило: Мануел Штрлек (Хрватска)

Лев бек: Микел Хансен (Данска)

Среден бек: Сандер Сагосен (Норвешка)

Пикер: Јеспер Нилсен (Шведска)

Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија)

Десно крило: Феран Соле (Шпанија)

Дефанзивец: Јакув Гојун (Хрватска)

МВП: Џим Готфридсон (Шведска)

Најново во Ракомет