ХРВАТИТЕ ДЕМОНСТРИРАА СИЛА

Чупиќ – Карачиќ – Циндриќ: „Трилингот" кој ја избомбардира Србија од сите позиции

На крајот, сигурни, убедливи плус десет (32:22) за „каубоите“, и најава дека тимот на Лино Червар и „вардаровите шампионски сили“ е спремен да оди докрај... 

објавено: 12 јануари 2018 - 22:05

Отворањето во Сплит како што очекуваше целата ракометна, и поширока јавност во хрватска.

Во дуелот на вечните ривали, сега во ракомет, селекцијата на Хрватска без особени проблеми ја победи Србија.

Играа и изгледаа убедливо, на крајот „коцкастите“ го реализираа тоа.

Пред преполната „Спаладиум“ Арена во Сплит ги симнаа на земја популарните „орли“.

Хрватска – Србија 32:22 (14:9)

Оние (14:9) беа и највисоките кои домашната селекција ги имаше во првото полувреме.
Претходно, „коцкастите" имаа постојана предност, не не поголема од три гола.
По погодокот на Добривоје Марковиќ, гостите од Србија се доближија и на само еден гол негатива.
Во 24. минута на семафорот стоеше (10:9) за домашниот тим. Но во ртие последни шест минути со помош на „вардарецот" Лука Циндриќ, но и два гола кои дојдоа од Степаничиќ, Хрватите стигнаа до убедлива предност од дури пет голови.

Во тој стил „каубоите" продолжија и по паузата. На крилјата на вардаровиот „трилинг" Карачиќ-Циндриќ -Чупиќ, Хрватска ја подигна разликата на седум гола.
За само шест минути игра веќе беше (19:12).
Иако до крајот имаше да се игра уште многу, сепка, српските ракометасри немаа сили да му се приближат на фаворитот. Хрватите постојано одржуваа разлика од шест-седум гола, недостижна за противникот.

Беше и плус 9, (31:22) за домашната селекција, за комплетирање на доминацијата која ја презентираше состаавот на Лино Червар на ова своевидно отворање на шампионатот. 

А во оние други две средби, од групата „Б“; во Пореч, прво Белорусија беше за еден гол подобра од Австрија (27:26), додека вистински дерби дуел одиграа топ-фаворитот Франција и Норвешка.

По голема борба на крајот, тесна победа за „триколорите“ (32:31).  

 

 

Најново во Ракомет