ДО ВЧЕРА БЕА ЈУНАЦИ, СЕГА СЕ ГЛУМЦИ, СМЕШНИ И ЛУЗЕРИ

ДО КОГА ВАКА: Македонијо засрами се!

Не научивме и не научивме, чест за исклучоците, голем срам за оние кои до вчера се крстеа во овие момци, во овој тренер, а сега низ социјалните мрежи „партал“ ги прават ракометарите. 

објавено: 21 јануари 2018 - 22:59

Од Вараждин, Марија Ковачева

Да изгубивме од Шпанија!!! Точно дека вечерва во Вараждин, видовме едно поинакво лице, одигравме спротивно од она што очекувавме, од она што имавме можност да го видиме против една Германија и Словенија, а дури и Црна Гора во групната фаза на Европското првенство..Но, сакам да ве прашам вас големи Македонци, дали навистина овие големи борци во кои до вчера се крстевте, ги издигнувавте...ги заслужваат вашите навреди?

До мечот со Шпанија, чинеше и Кирил Лазаров и Раул Гонзалез, па и младиот Мартин Велковски, но тоа важеше само вчера! Вечерва продолживме по старо. Не научивме и не научивме, како да го цениме и она малку што го имаме, чест на исклучоците, ова е голем срам за Македонија!

Читам и не можам да си поверувам. Лазаров намерно глумел дека е повреден и тоа секогаш кога играл против Шпанија. Епа ради овој Лазаров, но и останатите играчи, македонската ракометна репрезентација има континуитет на големите натпреварувања и е единствената репрезентација која во последно време не прави горди Македонци. Ние во Хрватска се чувствуваме како богови, сите ни завидуваа, сите ни честитаа..

И тука не застануваат изненадувањата..Мартин Велковски, младиот ракометар кој е дел од златната генерација стана предмет на потсмев и тоа кај оние кои најмалку разбираат ракомет. Велковски денеска за доби шанса да влезе во игра и играше против големата Шпанија, зад себе има една успешно Светско првенство со младинската селекција, а што имате вие????

Сакам да продолжам да читам, но решив да застанам, бидејќи се срамам што сум Македонка...Новинарите од останатите земји доаѓаат и не прашуваат дали стварно Македонците можат да бидат толку „злобни“ на јазик...Ништо не рековме, само си премолчивме и се правевме дека имаме многу работа.

Е сега на крајот сакам да ве прашам дали заборавивте дека еден пораз не значи ништо. Што ќе се случи ако ја победиме Чешка и Данска, дали вие истите пак на социјалните мрежи ќе ги правите ракометарите „партали“? Го знам одговорот, да вие што денеска плукавте утре ќе ги вадите вашите фотографии од архива и со Лазаров и со сите и ќе се удирате во гради дека сте големи Македонци...

Македонија се сака и кога губи и кога ќе ја прегазат како вечерва... Поздрав од Вараждин, може ќе се видиме во Загреб, а можеби не, но да сме живи и здрави..нели ние не сме ракометна велесила на крај на краиштата....

Најново во Ракомет