КУЗМАНОВСКИ МУДРО ГИ ЧЕКАШЕ СВОИТЕ ПЕТ МИНУТИ

Е кога „фитиљот на нашиот Фитиљ“ ќе „разгори“

Го пропушти Светското првенство, несреќно се повреди, мораше да го следи преку ТВ-екраните. Својата шанса ја чекаше трпеливо и ја дочека, и тоа вечерва на најважниот натпревар. Филип Кузмановски блесна, беше џокерот, кој Раул Гонзалез вешто го криеше. 

објавено: 15 јануари 2018 - 23:05

Од Загреб, Марија Ковачева и Трајан Маневски

Го пропушти Светското првенство, несреќно се повреди, мораше да го следи преку ТВ-екраните. Својата шанса ја чекаше трпеливо и ја дочека, и тоа вечерва на најважниот натпревар. Филип Кузмановски блесна, беше џокерот, кој Раул Гонзалез вешто го криеше.

Заедно со Филип Талески беа главниот тандем во нашите редови, она што го најавија пред ЕП на дело го исполнија. Покажаа дека се подготвени за големи нешта, дека Македонија има иднина и може да се потпре на нивните квалитети, а тоа го препозна шпанскиот стратег. 

Кузмановски даде 5 гола, а Талески три пати ја затресе мрежата на противникот и беа едни од главните на теренот во вториот триумф на ЕП во Загреб со кој Македонија обезбеди место во следната фаза на ЕП. 

 

 

 

Најново во Ракомет