ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАДОВОЛЕНА, АМА ДОЦНА Е

ЕХФ се „вади“, ќе ги суспендира судиите

По скандалот на дуелот меѓу Словенија и Германија, се огласи и Европската ракометна федерација. Грешката е призната, но веќе е доцна..Мечот е завршен, а избраниците на Веселин Вујовиќ останаа без два важни бода. 

објавено: 16 јануари 2018 - 18:29

Судиите кои ја делеа правдата на дуелот меѓу Словенија и Германија сепак ќе бидат казнети. Иако нема официјална потврда од ЕХФ, сепак медиумите пишуваат дека литванските судии Миндаугас Гателис и Ваидас Мажеика ќе се соочат со суспензија. 

При резултат 19-16 најпрво досудија непостоечки седмерец за Германците, а потоа исклучија двајца ракометари на Словенија. Вистинската драма се случи во финишот. Избраниците на Веселин Вујовиќ преку Блаж Јанц реализираа за 25-24 и кога сите помислија дека победата е обезбедена, судиите донесоа неверојатна одлука. Го исклучија Блаж Благотиншек, затоа што непрописно спречувал изведување на 'брз центар' на противникот. Тобијас Рајхман успешно го изведе седмерецот и Германија стигна до израмнување (25-25) избегнувајќи пораз.

Сепак ниту ваквата казна за литванската двојка нема да биде доволна, бидејќи Словенците остнаа без два важни бода.

Најново во Ракомет