ОДБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ПО ПРВАТА ФАЗА ОД ШАМПИОНАТОТ

ЕХФ ВЕЛИ: Нема место за Македонец во првата „седморка"!?

Додека оние 12 селекции се борат за место во полуфиналето (две од нив како Србија и Белорусија повеќе немаат шанси), ЕХФ ја одбра почетната „седморка" на досегашниот дел од натпреварите во Хрватска.

објавено: 19 јануари 2018 - 11:46

Додека оние 12 селекции се борат за место во полуфиналето (две од нив како Србија и Белорусија повеќе немаат шанси), ЕХФ ја одбра почетната „седморка" на досегашниот дел од натпреварите во Хрватска.

 

А изненадувачки во овој избор нема ниту еден Македонец, ниту еден преставник од нашата селекција која е една од најдобрите во оваа прва фаза од првенството.
Во изборот на ЕХФ, најдобро лево крило на првата фаза е Германецот Уве Генцхајмер, кој даде 21 гол на три натпревари.
На десно крило своето место си го најде Норвежанецот Кристиан Бјорнсен.
Чехот Ондреј Здрахала, најдобриот стрелец на шампионатот се наоѓа на позицијата на лев бек, додека пак на другата, десна страна, е младиот Французин Дима Мем.
Словенецот Миха Зарабец е избран за најдобар среден бек, на пивотменската позиција е Јеспер Нилсен од Шведска, додека пак како најдобар голман засега се води неговиот сонародник Микаел Апелгрин кој има одбрането 32. од 77. упатени удари кон неговиот гол.
Да се надеваме дека кај оној „втор пресек“ на ЕХФ, сепак ќе имаме свој претставник во „идеалните 7" на ЕП.

Најново во Ракомет