ПРВАТА ИНВАЗИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ФАНОВИ НА ГОЛЕМАТА СЦЕНА

Еве како беше пред девет години во Вараждин (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската репрезентација по утрешниот дуел со Германија се сели во Вараждин. Ова е градот каде се случи првата инвазија на македонските фанови на големите ракометни натпреварувања. Точно пред девет години, Македонија беше дел од Светското првенство, на кое го освои 11 место, а нашиот капитен, Кирил Лазаров со 92 гола беше прв стрелец на првенството. 

објавено: 16 јануари 2018 - 19:30

ФОТО: Петр Стојановски

Македонската репрезентација по утрешниот дуел со Германија се сели во Вараждин. Ова е градот каде се случи првата инвазија на македонските фанови на големите ракометни натпреварувања. Точно пред девет години, Македонија беше дел од Светското првенство, на кое го освои 11 место, а нашиот капитен, Кирил Лазаров со 92 гола беше прв стрелец на првенството.

На Мундијалот во групната фаза игравме против Германија, нашиот последен противник на ова ЕП. „Панцерите“ се спасија, одлично игравме, но судиите му доделија на Лазаров црвен картон и мечот заврши во корист на Германците.

Од сегашната репрезентација на СП 2009 година во „црвено-жолтиот“ дрес освен капитенот Лазаоров настапија уште и Борко Ристовски, Филип Миркуловски, Филип Лазаров и Велко Марковски.  

Одличната атмосфера која владееше на ова СП, а не прати и на ова првенство, не инспирираше да ја активираме архивата...

  

 

 

Најново во Ракомет