НАЈАВА ЗА НОВ РАКОМЕТЕН ЗЕМЈОТРЕС

„Фалангата“ тргна кон Вараждин (ФОТО)

Ракометарите ќе го имаат најважниот играч и во главната фаза од Европското првенство. Од Скопје веќе тргна еден автобус кон Вараждин, а според нашите информации се очекува најмалку три автобуси да се упатат кон хрватскиот град. Но, ова нема да биде единствените македонски фанови на трибините во Вараждин, дел од „фалангата“ остана и по завршувањето на групната фаза, а дел ќе дојде организирано со автомобили.  Борбената игра на нашите репрезентативци заслужува полни трибини и максимална поддршка, па токму затоа и утре против Шпанија ќе доминира „црвено-жолтата“ боја. 

(ФОТО: СПОРТМЕДИА.МК)

објавено: 20 јануари 2018 - 21:51

Најново во Ракомет