Цврсти, опасни, во препознатлив мод

Франција е непобедлива, падна и Шведска на патот кон полуфиналето

Во тврд меч, во кој бодовите значеа речиси сигурен пласман во полуфиналето на ЕП, Франција ја победи Шведска со 23:17 и без пораз и со 6 бода е лидер во Првата група, пред натпреварите во завршницата

објавено: 20 јануари 2018 - 19:54

Во тврд меч, во кој бодовите значеа речиси сигурен пласман во полуфиналето на ЕП, Франција ја победи Шведска со 23:17 и без пораз и со 6 бода е лидер во Првата група, пред натпреварите во завршницата.

Пикерот Сораиндо со пет погодоци беше најефикасен на мечот, а Французите од стартот покажаа кој е фаворит. Речиси постојано водеа и на крајот славеа убедливо со 6 голови разлика. Голманот Жерар беше несовладлив на голот на „триколорите“ и заслужено е играч на мечот, а Франција покажа дека е главен фаворит за златото.

Кај Шведска се истакна Јепсон со 4 погодоци, а Швеѓаните имаат 4 бода и не се без шанси за пробив во полуфиналето.

 

Најново во Ракомет