КИРО ЛАЗАРОВ ЗА ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ:

Го имате Червар, домашниот терен, далеку ќе дотуркате...

Како еден голем спортсмен, капитенот на нашиот национален тим им даде подршка на „коцкастите" особено откако дознаа дека нема да може да сметаат на услугите на својот најдобар играч Домагој Дувњак.

објавено: 14 јануари 2018 - 11:30

Нaјдобриот наш ракометар беше презадоволен од победата над Словенија, но освен задоволството стигна да го искоментира моментот во кој се најде и селекцијата-домаќин, Хрватска.
Капитенот на нашиот национален тим им даде подршка на „коцкастите" особено откако дознаа дека нема да може да сметаат на услугите на својот најдобар играч Домагој Дувњак.

„Тоа е голем хендикеп за Хрватска, и се надевам дека брзо ќе се опорави. Но вие сте ракометна нација. Го имате Лино Червар, имате логистика, имате домашен терен... Нема да ви биде лесно, но мислам дека далеку ќе дотуркате"- одговори Лазаров на прашањето на хрватските новинари во микс зоната на загрепската Арена по нашиот триумф од (25:24) против Словенија.

Најново во Ракомет