Големиот Столе: Благодарение на вас, се чувствувам како да дадов гол, не како да промашив

„Морам нешто да кажам, сите од репрезентација ме прифатија како мало дете. Сите ме тешат и ми доаѓа Жарко Пешевски вика брат, а бе таа штраубата каква беше. Демек плаче детето, дајте му лижавче“, им се обрати Столе на фановите во „Роко“. 

објавено: 18 јануари 2018 - 01:06

Од Загреб, Марија Ковачева

Стојанче Стоилов по мечот со Германија беше видливо разочаран. Но, како и секогаш, така и сега, македонските фанови се погрижија за да пикерот брзо го промени расположението. 

„Влегувам тука и се чувствувам како да дадов гол, не како да промашив. Не е лесно во ваков момент, фала што ми олеснувате. Морам нешто да кажам, сите од репрезентација ме прифатија како мало дете. Сите ме тешат... и ми доаѓа Жарко Пешевски вика брат, а бе таа штраубата каква беше. Демек плаче детето, дајте му лижавче. Искрено, ви благодарам од се срце, и сите до еден да се видиме во Вараждин, да се радуваме на нови победи", рече Стојанче Стоилов. 

Најново во Ракомет