НАПРАВИЈА ЕДЕН ГОЛЕМ ТЕХНИЧКИ ПРОПУСТ

ГОЛЕМО СЛАВЕЊЕ, ПА ШОК: Босанците без мундијалски квалификации?

Водството на селекцијата на Швајцарија после поразот (15.21), вложи жалба затоа што еден играч на БиХ бил во игра, но не бил внесен во официјалниот записник.

објавено: 14 јануари 2018 - 14:30

Додека најдобрите европски селекции се борат за титулата, оние послабите играа(т) претквалификации за Светскиот шампионат.

Селекцијата на Босна и Херцеговина, една од ретките од просторите на бившата држава која не игра на ЕП во Хрватска, е дел од претквалификацитие за пласман на Светскиот шампионат.
И се, односно беа на добар пат да најдат свое место во квалификациите се до оној момент кога видоа дека некаде погрешија.

По вториот натпревар од двомечот со Швајцарија, кој Босанците го решија во своја корист со (21:15), за големо славење во тузлански „Мејдан", уследи вистински шок.

Водството на гостинската селекција вложи жалба затоа што еден играч на БиХ бил во игра, но не бил внесен во официјалниот записник. Томислав Нуиќ заигра за „лилјаните", дури и постигна еден гол, но претходно неговото име не било ставено во протоколот.
Откако потоа делегатот на средбата сфатил што се случи, го исклучи репрезентативецот на БиХ, но се чини предоцна...
Од ракометниот сојуз на БиХ тврдат дека вината не е нивна, но со нетрпение ја очекуваат одлуката на ЕХФ.
Ако бидат казнети со пораз, тогаш во борба за Светско првенство оди Швајцарија.

„Ние пријавивме 15 играчи, но по грешка на делегатот, изоставен е Нуиќ. Дури кога даде гол сфатија дека го нема во записникот. Тоа е техничка грешка,тој имаше право на настап, и затоа очекуваме овој резултат дс остане" - рече директорот на националниот тим на БиХ, Гордан Музуровиќ.

Се очекуvва ЕХФ да донесе одлука во текот на денот.

Најново во Ракомет