НЕ БАДИЈАЛА РАУЛ РЕЧЕ ДЕКА ИМА СРЦЕ КАКО ПЛАНИНА

И цела Словенија да дојдеше Столе немаше да го задржат (ФОТО)

„Лавовска“ битка водеа ракометарите на теренот против Словенија. Но, кога се работи за Македонија, тука работите стојат поинаку. Се обидуваа на секоја начин да нè извадат од колосек, но нè успеаја. Нашите момци машки ги издражаа сите удари, „прљавата“ игра не им помогна...

објавено: 14 јануари 2018 - 10:15

Од Загреб, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

„Лавовска" битка водеа ракометарите на теренот против Словенија. Но, кога се работи за Македонија, тука работите стојат поинаку. Се обидуваа на секоја начин да нè извадат од колосек, но нè успеаја. Нашите момци машки ги издражаа сите удари, „прљавата" игра не им помогна...

И цела Словенија да дојдеше немаше да го сопре Стојанче Стоилов и останатите. Желбата за победа, жарот во очите, неговата цврста решителност да не падне пред грамадната одбрана на противникот беше посилна од се. Во еден неврзан разговор со селекторот, Раул Гонзалез, тој рече „Столе има срце планина“, а пикерот тоа го потврди на терен.   

Следен противник на Македонија е Црна Гора, дуелот се игра утре (20:30 часот), со победа на оваа средба и дефинитивно ќе обезбедиме место во следната рунда. 

 

Најново во Ракомет