ПРИТИСОК ПЛУС ИЛИ...

И ШВЕЃАНИТЕ СЕ ЛУТИ НА ЛИНО: Исфрлете го од шампионатот!

Откако селекторот на Хрватска беше казнет со 3.000 евра откако за време на дуелот со Белорусија се обиде и сопре еден противнички играч, се јавија и играчите на Шведска, со истото тврдење...

објавено: 20 јануари 2018 - 13:40

Откако селекторот на Хрватска беше казнет со 3.000 евра откако за време на дуелот со Белорусија се обиде и сопре еден противнички играч, се јавија и играчите на Шведска, со истото тврдење...
За потсетување, на последниот меч на Хрватска, нивниот предводник тргна на теренот, и со рацете го сопре Артур Карвацки, играчот на Белорусија за време на транзициата на противничката селекција.

Во тој напад Белорусија ја загуби топката, а со звукот на сирената Копљар ја потврди победата на „коцкастите".
По прегледување на снимките Червар беше дополнително казнет. А ако Лино не повтори нешто слично до крајот на шампионатот, на ХРС ќе му бидат вратени дел од тие средства, односно сума од 1.000 евра.
Но тука не е крајот, затоа што по прегледувањето на снимката, се огласија и некои играчи на репрезентацијата на Шведска.

„Мене ми го направи тоа два пати за време на средбата со Хрватска. За среќа, тоа не влијаеше на конечниот резултат. Јасно ми е дека тренерот ќе направи се за неговата екипа да победи, но ова е сепак нешто повеќе од тоа" – тврди „средњакот" на Швеѓаните, Џим Готфридсон.

„За такво нешто треба да биде исфрлен од шампионатот. Такви работи немаат врска со ракометот"- го дополни неговиот соиграч, Закрисон.

Најново во Ракомет