ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СТАРТОТ НА ЕП

Исланд ја „збриша" Шведска

Почна и ракоментиот собир на најдобрите во Европа.

објавено: 12 јануари 2018 - 20:10

Почна со изненадување, а го направија ракометарите на Исланд кои го победија фаворизираниот состав на Шведска со резултат (26:24).

Само како увертира во групата „А" која се игра во Сплит, каде наскоро на теренот во „Спаладиум" Арената ќе истрчаат селекциите на Хрватска и на Србија.
Изненадувачки е дека во текот на играта исланѓаните имаа предност и од десет гола. Но во второто полувреме, со серија (6-0), Швеѓаните ја преполовија таа прендост, но не успеаја и да ја стигнат.
Прво име на натпреварот беше Олафур Гудмунсон, стрелец на седум голови, додека по пет дадоа Карасон, Сигурдсон и Гунарсон.
Кај Шведска, најдобар беше Готфридсон кој реалзиираше шест гола (од 12 обиди), додека Јепсон даде четири.

Најново во Ракомет