ДАЛИ ВООПШТО ИМА ЗАМЕНА ЗА ДУВЊАК?

„КОЦКАСТИТЕ" НА ГОЛЕМИ МАКИ: Червар „пробува" со Бунтиќ

Селекторот на „коцкастите", Лино Червар по долго двоумење за средбата со Исланд која се игра во вечерните часови во Сплит, се реши да го повика Денис Бунтиќ.

објавено: 14 јануари 2018 - 13:50

Домагој Дувњак и дефинитивно нема да игра за селекцијата на Хрватска. Најмалку во првито круг од натпреварите на шампионатот, а можеби и до крајот на континеталниот собир на најдобрите ракометари.

Па соочени со една така тешко надоместлива штета, во стручниот стожер на хрватската селекција се бара(ше) решение, кој да биде неговиот заменик?
Селекторот на „коцкастите", Лино Червар по долго двоумење за средбата со Исланд која се игра во вечерните часови во Сплит, се реши да го повика Денис Бунтиќ.
Колку тој ќе може да го замени Дувњак, останува да се види на наредните два натпревари кои Хрватска ги игра во „Спаладиум" арената во Сплит.
Вечерва е првиот тест без Домагој, дуелот со „рибарите" од Исланд кои изненадувачки лесно во првото коло ја совладаа Шведска.

Најново во Ракомет