ГОЛЕМИОТ ГЕРМАНЕЦ СО ИСКРЕНА ПОРАКА

КРЕЧМАР ЗНАЕ: На ракометот му е потребен еден Дирк Новицки!

Некогашното лево крило на германскиот тим смета дека популарноста на ракометот опаѓа, најмногу поради тоа што со години нема некоја голема ѕвезда.

објавено: 12 јануари 2018 - 19:30

„Веќе со години не сме произвеле голема ѕвезда како што е Дирк Новицки во кошарката" - вели Штефан Кречмар во интервју дадено за весникот „Шпигел".

И не само тоа: „Немаме ниту една нова личност со која луѓето и децата би можеле да се идентификуваат".
Кречмар смета дека еден спортист мора да покаже повеќе од спортските резултати.

„Активност на социјалните мрежи и искажувањата на мислења кои немаат врска со спортот исклучиво, туку и со политиката, не би било лоша"- смета славниот германски ракометар.

Претстојното ЕП во Хрватска „Крече" го гледа како голема шанса „за 13, 14 или 15 милиони гледачи повторно се најдат пред малите екрани", но истакнува дека примарната цел треба да биде зголемување на атрактивноста на Бундеслигата.

 

Најново во Ракомет