НАЈАВА ЗА СПЕКТАКЛ ВО АРЕНАТА

ЛУДНИЦА ВО ВОЗОТ ЗА ЗАГРЕБ: Се измешаа Македонци и Словенци (ВИДЕО)

Како се приближува натпреварот помеѓу нашата и селекцијата на Словенија, така расте и онаа натпреварувачка, а особено онаа другата, навивачка тензија.

објавено: 13 јануари 2018 - 18:15

Сериозна битка ќе се води вечерва (од 19.30 часот) во, но и надвор од теренот во Арената во Загреб.
Како се приближува натпреварот помеѓу нашата и селекцијата на Словенија, така расте и онаа натпреварувачка, а особено онаа другата, навивачка тензија.
Како што беше и претходно најавено, Словенците посебно се организираа за дуелот со нашиот национален тим. И од Љубљана тргнаа неколку возови, дел од навивачкиот карван во кој според најавите од таму, треба да има повеќе илјади фанови на „змаевите".
Но медиумите забележаа и една друга ситуација. Во дел од возните купеа можеше да се види и заедничка дружба помеѓу двете нвивачки групи, македонски и словенечки.
Но и двете страни си поставија едно прашање. Како поразените ќе се вратат „дома"? 

Најново во Ракомет