НЕМА ШТЕДЕЊЕ, СРЦЕ НА ТЕРЕН

Миркуловски: Имаме сили, ќе играме за тоа историско полуфинале

Репрезентативците чекорат цврсто на земја, не „летаат" во облаци. Подготвени се да ја дадат најдобрата партија, а кога овие зборови ќе ги слушнеш од еден од најголемите борци во нашите редови, сакаш да веруваш дека оваа генерација е зрела за големи нешта, па и за победа над Шпанија. 

објавено: 21 јануари 2018 - 12:30

Од Вараждин, Марија Ковачева

Дојде денот за историја. Македонската репрезентација исправено стои пред шансата за остварување на најголемиот успех во историјата на ракометот. Патот нема да биде лесен, нашите борци ги чека нова тешка битка, а првата пречка до Загреб е селекцијата на Шпанија.

Немаме позитивен скор ниту со „црвената фурија“, но немавме ниту со Германците, па одигравме реми. Не сакаме да ставаме ништо на вага, станува збор за сосема различен противник. Но, играта на ракометарите, нивната пожртвуваност и борбеност на теренот, ни дава право да се надеваме на нова сензација.

Репрезентативците чекорат цврсто на земја, не „летаат“ во облаци. Подготвени се да ја дадат најдобрата партија, а кога овие зборови ќе ги слушнеш од еден од најголемите борци во нашите редови, сакаш да веруваш дека оваа генерација е зрела за големи нешта.  

„Селекција од самиот врв, најнезгоден противник со кого ќе играме на ова ЕП бидејќи имаме сличен систем, слична игра ќе биде тежок дуел. израменто докрај како на претхидните дуели можеби ќе имаме предност поради навивачите. Шансите се 50-50, а доколку победиме со една нога ќе бидеме во полуфинале. Трите дена беа добредојдени, одморивме и ги саниравме повредите, трениравме го анализиравме противникот и треба да ја дадеме најдобрата партија за да победиме.

Имаме сили, иако се потрошивме во првиот круг играме за тој чекор понатаму и ќе играме за тоа историско полуфинале и со помош на навивачите да го постигнеме тоа полуфиналe", изјави Филип Миркуловски.

Македонската репрезентацијаво Вараждин очекува поддршка од своите фанови, бидејќи заедно прават совршенство, кое тешко може да го урнат и најголемите и најсилните. Вака нека биде и вечерва... 

Најново во Ракомет