ДРАГАН ЃУКИЌ ПО ЦРНОГОРСКАТА КАТАСТРОФА СО ГЕРМАНИЈА

Не можеше да биде полошо, но ќе го дадеме максимумот против Македонија

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ беше сериозно разочаран од епилогот на стартниот меч на неговиот тим, оној против Германија, кој го загубија со убедливи (32:19)

објавено: 13 јануари 2018 - 19:38

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ беше сериозно разочаран од епилогот на стартниот меч на неговиот тим, оној против Германија, кој го загубија со убедливи (32:19)...

„Не можеше да биде полошо. Мораме да играме подобро од денеска, бевме некако имспресионирани со првиот меч на шампионатот. Но ве уверувам дека сите мои играчи се спремни да го дадат својот максимум против Македонија. Тоа е најважна средба за нас после овој тежок пораз. Сепак ова е само почеток, пред нас имаме други 60.минути, ќе вициме како ќе заврши и дуелот Словенија-Македонија.
Ако победат Словенците се враќаме на почетокот. Оваа вечер ќе пробаме да ја заборавиме, да ја посветиме на анализа, и на подготовка на она што нè очекува на наредниот натпревар, оној со Македонија"- искоментира некогашнито наш селектор и тренер на Вардар.

Најново во Ракомет