УБЕДЛИВ И ЛЕСЕН ТРИУМФ НА ШАМПИОНОТ

Очајни Црногорци и германска машина за почеток на ЕП

Бранителот на титулата, Германија со победа го отвори Европското првенство, откако последно од очеувањата ја совлада Црна Гора со 32-19. 

објавено: 13 јануари 2018 - 18:45

Црна Гора уште во првото коло ја потврди аутсајдерската улога во нашата група Ц. Што значи Вуко Борозан за тимот на Драган Ѓукиќ потврди Германија. Бранителот на титулата лесно и убедливо славеше со 32-19 (17-9) и на дело покажа зошто е фаворит.  

Црногорците не можеа да мрднат уште на стартот, силните Германци мечот го отворија со серија од 13-3, во 12. минута веќе имаа двоцифрена предност, до крајот ја имаа полесната задача, да го одржат водството. 

Уве Генсхајмер со девет погодоци од исто толку обиди беше најефикасен во редовите на Германија, на другата страна Липовина имаше седум пгодоци. 

Најново во Ракомет