МАКЕДОНИЈА ИМА ЕГАЛ ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА

ПОЛУВРЕМЕ: Почнавме споро, фативме залет, на полувреме е 11-11

Македонската репрезентација по првите 30. минути против Словенија на отварањето го нема резултатот има добар резултат (11-11).

објавено: 13 јануари 2018 - 20:13

Македонската репрезентација по првите 30. минути против Словенија на отварањето  има нерешен резултат 11-11. Избраниците на Раул Гонзалез на стартот тешко играа во нападот, голманот на противникот, Скок беше нашиот главен проблем, исто како и на СП во Франција, влезе во серија, до првото полувреме има девет одбрани. 

Словенците уште на стартот го наметнаа своето темпо, иако играат без најдобрите, тоа засега не се одразува врз нивната игра. Поведоа со 2-5 во 11. минута, ние тешко дававме голови од игра, за почеток Лазаров тоа го правеше од седум метри. 

Млакар и Скок го одржуваа водството на Словенија од два до три гола. Се до самиот крај кога благодарение на Митревски и неговите клучни одбрани успеавме да ја стопиме негативата и со голот на Талески да заминеме со 11-11. 

Лазаров со пет погодоци е најефикасен во нашите редови, зад него е Манасков со два погодоци. На другата страна Млакар има четири погодоци.

Најново во Ракомет