ТЕЖОК УДАР ЗА ХРВАТСКИТЕ ЗЛАТНИ НАДЕЖИ

ПОТВРДЕНО: Дувњак во аут, до крајот на турнирот

Домагој Дувњак нема да може да продолжи со настапите за „коцкастите".

објавено: 13 јануари 2018 - 18:00

Иако во прв момнт се чинеше дека повредата не е од некој посериозен карактер, сепак, лекарскиот тим на селекцијата на Хрватска донесе страшни вести за стручниот штаб предводен од Лино Червар.

Најдобриот хрватски играч Домагој Дувњак има повреда на листо на десната нога, која ја доби пред крајот на мечот со селекцијата на Србија.
А последните прегледи со магнетна резонанца покажале дека повредата е од сериозен карактер, и дека пред се, бара строго мирување.
Тоа значи дека до крајот на шампионатот Червар и неговиот тим ќе имаат сериозен хендикеп во обидите да ја реализираат крајната цел – златниот медал.
Без Домагој Дувњак, тоа ќе им биде скоро невозможно, но...

Најново во Ракомет