УСПЕШНО ДЕБИ НА ШПАНЕЦОТ НА ЕВРОШАМПИОНАТОТ

РАУЛ ГОНЗАЛЕС: Имаме два бода, но играме против Црна гора

Дебитираше Шпанецот на клупата на Македонија со голема победа над Словенија (25:24).

објавено: 13 јануари 2018 - 21:17

Мора да бидеме задоволни, особено нашиот стручен штба предводен од Раул Гонзалес.
Дебитираше Шпанецот на клупата на Мaкедонија со голема победа над Словенија (25:24).
Но не беше еуфоричен напротив, мирно ја прифати победата со која сме скоро извесно во следниот круг од натпревaрите на ЕП во Хрватска.

"Имаме два бода, но мораме да знаеме дека за некој ден веќе ќе играме против Црна гора и дека треба да се подготвуваме за тоа. Затоа и одиме чекор по чекор. Многу е тешко да се игра против една ваква селекција каква што е Словенија, затоа и задоволството е поголемо"- кратко искоментира македонскио селектор во микс зоната на Арената во Загреб.

Најново во Ракомет