БЕЗ ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО ЗАГРЕБ

Раул со измена во составот за Германија

Селекторот на македонската репрепрезентација, Раул Гонзалез мораше да направи принудна измена во составот за мечот со Германија, кој е последен од групната фаза. 

објавено: 17 јануари 2018 - 09:02

Од Загреб, Марија Ковачева и Трајан Маневски

Селекторот на македонската репрепрезентација, Раул Гонзалез мораше да направи принудна измена во составот за мечот со Германија, кој е последен од групната фаза. Поради повреда на мускулот, Филип Лазаров ќе добие поштеда на денешниот натпревар, на негово место за првпат на ова Европско првенство ќе настапи Велко Марковски. 

Лазаров беше еден од клучните играчи и на двете средби, максимално ја искористи довербната на Гонзалез, токму благодарение на неговите погодоци, Македонија ги совлада Словенија и Црна Гора. 

Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра со почеток во 18:15 часот. Победа за „црвено-жолтите“ значи отворен пат кон полуфиналето, во добра позиција ќе бидеме доколку успееме да извлечеме и реми против силниот состав на актуелниот бранител на титулата.

 

Најново во Ракомет