ЗАГРЕВАЊЕТО ЗАПОЧНА

„Рокаат“ македонски хитови во „Роко“ (ВИДЕО)

Клубот „Роко" (на улица „Јарунска 5") во Загреб е собирниот центар, отворен простор за дружење на македонските фанови.

објавено: 13 јануари 2018 - 17:13

Денеска во Загреб беше отворена македонската фан-зона, која традиционално ги собира сите македонски навивачи кои дојдоа да го бодрат националниот тим.

Клубот „Роко" (на улица „Јарунска 5") во Загреб е собирниот центар, отворен простор за дружење на македонските фанови.

Се предвидуваат најмалку 2.000 македонски навивачи за дуелот со Словенија, која исто така ќе има голема поддршка од трибините.

Фан-зоната ќе биде отворена на денот на натпреварите во групата во Загреб, навивачите ќе можат да се дружат, да ја подгреваат атмосферата, да наздрават со пиво и да ги пеат македонски навивачки песни. Предвидена е македонска музика во живо во клубот за време на секојдневната забава.

Како тече забавата во „Роко“..

 

Најново во Ракомет