„ЦРВЕНО-ЖОЛТАТА“ БОЈА ДАДЕ СВЕТОЛ ТОН

Сега сме комплетни: „Фалангата“ полека го окупира Загреб (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За разлика од вчера, денеска низ улиците на главниот град на Хрватска е поинаку. Убаво е да се види „црвено-жолтата“ боја, му дава светол тон на сивиот Загреб, кој засега со ништо не најавува дека е домаќин на Европското првенство. 

објавено: 13 јануари 2018 - 15:46

Од Загреб, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

За разлика од вчера, денеска низ улиците на главниот град на Хрватска е поинаку. Убаво е да се види „црвено-жолтата" боја, му дава светол тон на сивиот Загреб, кој засега со ништо не најавува дека е домаќин на Европското првенство.

Според најавите денеска во Арена Загреб за дуелот против Словенија се очекува да има околу 2.000 фанови, дел од нив се уште патуваат.

Фан зоната е отворена, внатре е пријатно и топло, секојдневно ќе има различна забава, пијалоци, храна...

Најново во Ракомет