ГОЛМАНОТ НА ВАРДАР МЕЃУ НАЈЦЕНЕТИТЕ И НАЈПЛАТЕНИТЕ

Штербик е меѓу ракометните „милионери"

Голманот на Вардар е проценет на милион евра, додека „недопирлив" е Никола Карабатиќ кој е вреднуван со дури два милиони зелени банкноти.

објавено: 12 јануари 2018 - 21:40

Она што се Лионел Меси и Кристијано Роналдо во светскиот фуидбал, се чини дека тоа се Никола Карабатиќ и Домагој Дувњак во ракометот.

Непосредно пред почетокот на Европскиот шампионат во Хрватска, европските медиуми направија и една ранг листа на десетте најплатени ракометари кои треба да се појават на шампионатот во четирите града во Хрватска.


И далеку напред во таа топ 10 листа е Французинот со српски корени, Никола Карабатиќ.
Според анализите, во овој момент Карабатиќ вреди два милиони евра по сезона.
Или толку треба да плати некој тим доколку сака да го одвои од ПСЖ во некоја наредна прилика.
Втор на листата е уште еден „"триколор", станува збор за Даниел Нарцис кој пак е проценет на 1.2 милиони евра, додека пак сумата од еден милион евра ја надминува и Арон Палмарсон. Еден од лидерите на селекцијата на Исланд, која е дел од ЕП и групата која се игра во Сплит.
Милион евра, вреди и Хрватот Домагој Дувњак, легитимниот наследник на „коцкастите" на местото на Ивано Балиќ.

А на истата таа сума се проценките дека вреди и веројатно најдобриот голман на светот во овој момент Арпад штербик.
Вардаровата „единица" и покрај тоа што има полни 38. години, сеуште котира во првата платежна „петорка" на европскиот и на светскиот ракомет.
И иако тоа е во сферата на неофицијалното и непотврденото, се говори дека во летото 2014, сопственикот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко платил 800.000 евра за отштета на Барселона само за да го добие потписот на „Арпад велики".
Во онаа втора половина на ТОП 10 се уште и Тјери Омејер (Франција) со сума од 900.000 евра, следуваат Чема Родригез (Шпанија) со 800.000, Сергеј Рутенка (Словенија) и Ален Муратовиќ (Црна гора) со по 700.000, па Момир Илиќ и Петар Ненадиќ (Србија) со половина милион евра...

 

Најново во Ракомет