ДАЛИ Е НА ПОВИДОК УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ

ШТО НАПРАВИ БЕ ЛИНО? Почна да брани покрај аут линијата (ВИДЕО)

Осум секунди пред крајот на средбата, Хрватска водее со (24:23), ама играчите на Белорусија имаа напад... и тогаш се појави тој, Лино Черва, лично...

објавено: 19 јануари 2018 - 10:47

Осум секунди пред крајот на средбата, Хрватска водее со (24:23), ама играчите на Белорусија имаа напад.
Во акцијата за израмнување и бод, во драматичната завршница, Карватски тргнува кон голот на Хрватска, и тоа покрaј десната страна, до самата аут-линија.
Тогаш, јасно се гледа на снимката, селекторот на Хрватска, Лино Червар, го повлекува околу појасот со помош на десната рака, после што се обидува истото да го направи и со левата рака. Но белорускиот репрезентативец некако успева да се тргне и д апродолжи со играта.
Во продолжение на играта на Белорусите им беше досудена „фаул во напад", по што Копљар погодува зa конечни (25:23) во корист на Хрватска, за прва победа во вторито круг од натпреварите на евро-шампионатот. 

Или уште една потенцијална афера на првенството по онаа на средбата Германија-Словенија во која во главна улога беа литванските судии кои и „подарија“ бод на германската селекција.  

Најново во Ракомет