ГОЛМАНОТ НА СЛОВЕНИЈА КРАЈНО РАЗОЧАРАН

СКОК „СКОКА": Македонците не се толку добри колку што ние бевме лоши!

"Тешко е да се каже нешто, јас сум лут, тажен, понижен. Ми се чинеше како да не сакаме, не бевме, не најдовме решение да ги надминеме проблемите во играта".

објавено: 14 јануари 2018 - 12:35

Важи за искусен голман, кој некое време бранеше се што нашите играчи шутнаа, особено во првото полувреме. На крајот собра 14 одбрани на првиот натпревар од словенечката репрезентација во хрватскиот главен град.

Да, честопати беше Матевж Скок оној што се грижеше македонските ракометари да не се чувствуваат непријатно. Но на крајот, исто како и неговиот тим, потклекна пред нападите на нашите ракометни „лавови".
Неговите одбрани се покажаа како недоволни за конечен успех на Словенија. Но за разлика од селекторот Веселин Вујовиќ, тој не ги „допре" судиските критичари, не кажа ниту еден збор за судењето.

Ама затоа, без влакна на јазикот откри што не беше е во ред на првиот натпревар во играта на словенечкиот национален тим.

"Тешко е да се каже нешто, јас сум лут, тажен, понижен. Ми се чинеше како да не сакаме, не бевме, не најдовме решение да ги надминеме проблемите. Македонците не се толку добри колку што ние бевме лоши, Ја испупштивме од раце нашата шанса и сега ќе мораме да ја спасуваме кожата во другите натпревари "- вели Скок по тесниот проаз од Македонија (24:25). 

Најново во Ракомет