КАПИТЕНОТ СЕПАК ЌЕ БИДЕ ФИТ ЗА ПРВИОТ ДУЕЛ

Словенците со Кавтичник на мегдан против Македонија

Капитенот на првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство, Вид Кавтичник, ќе му биде на располагање на Веселин Вујовиќ уште на првиот дуел. 

објавено: 12 јануари 2018 - 21:17

Капитенот на првиот противник на македонската репрезентација на Европското првенство, Вид Кавтичник, ќе му биде на располагање на Веселин Вујовиќ уште на првиот дуел. 

Играчот на Монпeлје кој пред една недела ја скина кожата меѓу прстите на раката и на кого му беше извршен оперативен зафат, успеа да се опорави многу побрзо од очекувањата. Како што најавија словенечките медиуми, Кавтичник ќе биде фит за утрешната средба со Македонија. 

 

Најново во Ракомет