КАКВА ИГРА НА НАШИТЕ МОМЦИ

Загреб се тресе, Словенија е на колена

Македонската репрезентација со победа го отвори Европското првенство, откако ја совлада Словенија со 25-24. 

објавено: 13 јануари 2018 - 21:07

Од Загреб, Марија Ковачева

Македонската репрезентација со победа го отвори Европското првенство, откако ја совлада Словенија со 25-24 во првото коло од групнаа фаза. 

Дејан Манасков со осум погодоци беше најефикасен кај нас, зад него беше Кире Лазаров со еден погодок помалку.

Воведните 12. минути не блескавме, ниту во нападот, ниту во одбраната. Немавме реализација од игра, двавата гола ги постигна Лазаров од седум метри (2-5), а дури потоа Стоилов погоди од игра. Згора на сè тука беше и разиграниот Скок, кој беше нерешлива енигма за нашите крила. Словенија предводена од Млакар одржуваше предност од два до три гола (5-8, 7-10).

Ова беше повеќе од доволна причина за да Гонзалез да нарави промени. На голот на нашата репрезентација на местото на Ристовски влезе Митревски. Одлука која се покажа како правилна, благодарение на него, и неговите шест одбрани Македонија заигра многу подобро. При 8-11, со головите на Лазаров, Прибак и Талески успеавме на полувремето да се избориме за 11-11.

Не застанавме ниту по одморот, со нови четири гола во второто полувреме се искачивме на 15-11 во 43. минута, а истата предност ја имавме три минути подоцна (16-12). Се разигра Манасков, Миркуловски, се приклучи Пешевски. Следеа тешки минути, Македонија доби две исклучувања, Словенците ги искористија намалија на 16-15, а потоа израмнија на 17-17.

Влеговме во неизвесна завршница. По долго време противникот сепак успеа да ја врати предноста (20-21), Благотиншек овој пат беше лидерот во Словенија, која не стави во позиција да го бркаме резултатот. 

Чекавме на грешка на избраниците на Веселин Вујовиќ, тоа се случи во 56. минута. По голот на Лазаров за 24-24, Ристовски го одбрани ударот на Кавтичнек, а потоа на другата страна Филип Лазаров го врати водството (25-24). Словенија направи неколку грешки, а ние максимално ги казнивме,  за победнички старт на Македонија. 

Покрај најефикасните Макаснков (8) и Лазаров (7), по два гола дадоа Стоилов, Миркуловски, Георгиевски и Филип Лазаров, а по еднаш погодија Прибак и Талевски. 

Најново во Ракомет