ЛОШО ОТВОРАЊЕ ВО СПЛИТ

„Спаладиум" ја исвирка српската химна, не помогна ниту Дувњак! (ВИДЕО)

Дури и хрватските медиуми го осудија однесувањето на публиката во арената

објавено: 12 јануари 2018 - 21:00

Еврошампионатот во Хрватска почна мошне бурно и жустро од страна на домаќинот, пред се публиката во Сплит, која едноставно не дозволи да се слушне националната химна на нивниот прв противник на првенството – Србија.

Не вродија со плод ниту апелите кои непосредно пред интонирањето на химната на гостите, ги направи еден од најдобрите ракометари на Хрватска, Домагој Дувњак.
Дури и тој беше исвиркан од полниот „Спаладиум" во Сплит.
Знак за една вистинска осуда која трае на социјалните мрежи...

 

Најново во Ракомет