ГЛАСАЈТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ

Стоилов и Талески во трка за Ол-стар тимот на ЕП

ЕХФ ги номинираше македонските репрезентативци, Стојанче Стоилов и Филип Талески во изборот за Ол-стар тим на Европското првенство. 

објавено: 26 јануари 2018 - 11:25

Двајца македонски репрезентативци може да се најде во идеалниот тим на Европското првенство. Во силната конкуренција која ја одбра ЕХФ се најдоа Стојанче Стоилов и Филип Талески. 

Покрај пикерот кој со своите игри и борбеност ги воодушевуваше буквално сите во Хрватска се најде во група со Бјарте Мирхол (Норвешка), Адријан Фигуерас (Шпанија), Блаж Благотиншек (Словенија), Јеспер Нилсен (Шведска). 

Талески кој исто така имаше блесок на Европското првенство е во конкуренција со ѕвезди како Микаел Хансен (Данска), Улаѕислау Кулеш (Белорусија), Борут Мацковшек (Словенија) и Симон Јепсон (Шведска).

Доколку сакате македонските репрезентативци да се најдат во најдобрата седморка за ова континентално натпреварување треба да гласате на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет